УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ НА САДУ!!! СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО СУДОВИТЕ И ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ОСТАНУВААТ СУДСКИ И ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИ СЛУЖБЕНИЦИ !
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство:
УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ НА САДУ!!!
СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО СУДОВИТЕ И ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ОСТАНУВААТ СУДСКИ И ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИ СЛУЖБЕНИЦИ !
Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) при КСС, преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно поднесоа амандман со кој во Законот за судската служба се гарантира статусот на сите судски и јавнообвинителските службеници.
Со ова решение, судските и јавнообвинителските службеници кои беа предвидени да бидат административни службеници се враќаат како судски службеници и нема да бидат префрлени во категоријата административни службеници, туку ќе го задржат својот посебен статус, стекнатите права и специфичностите кои произлегуваат од нивната работа во судскиот систем.
Го поздравуваме овој пример на отворен дијалог, заедничка консултација и соработка со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, а кој е во интерес на работниците. Кога институциите, законодавната власт и синдикатите работат заедно, резултатите се видливи и во насока на заштита и унапредување на работничките права.
Синдикалното движење се уште е живо!

