НовостиПравда

Уставните судии си го смениле Деловникот за да си доделат додатоци на плата

Уставните судии си го смениле Деловникот - Работник
64views

Уставните судии, сами на себе си доделија додаток на плата од 35 проценти. Пред десет дена, додатоците, ги вметнале во Деловникот за работа. Во дополнувањето на документот, судиите додале Член 10 – а. Да можат да земаат додаток по основ – посебни услови за работа и постоење на висок ризик и доверливост.

Измените се објавени во Службен весник на 28 октомври. Уставните судии се повикале на членот 113 од Уставот, за да си овозможат додаток од 35 проценти, објавува Алсат-М.

Член 113 од Устав:

„Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот“

Уставните судии земаат над 90 илјади денари основна плата. Со интервенцијата во нивниот Деловник за работа, сега им се овозможени додатни петстотини евра плус, на основната плата.

Постапката на уставните судии, ја следи Антикорупциска. Претседателката, Билјана Ивановска смета, дека не може преку измени на Деловникот, судиите да си ги зголемат и така високите плати. Тоа требало да биде преку законско решение, во Собранието.

„Со деловникот се уредува начинот на постапувањето со нивните предмети, не се уредуваат правата за посебен додаток. Кога ќе се соберат сите овие факти и аргументи, не може нешто да се уредува со деловник, што мора да биде уредено со Закон“, рече Билјана Ивановска, Претседател на Антикорупциска.

Додаде дека Комисијата ќе заседава за оваа одлука на уставните судии.

Осуда на одлуката на уставните судии, пристигна и од ВМРО – ДПМНЕ. Опозицијата посочува дека секое покачување на плата во Уставен треба да помине во Собрание, а според нив секоја друга одлука е кршење на закон.

Партијата бара веднаш да се укине ваквата одлука а Министерството за финасии да не постапува по истата при исплатата на платите во Уставен суд.