Утре прва средба помеѓу СОНК и МОН
Утре ќе биде првата средба помеѓу новата Министерка за образование и наука, Проф. Д-р Весна Јаневска и раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, сочинето од Претседателот Јаким Неделков и потпретседателите Тафа Амети и Стојко Рамов.
Во разговор за порталот Работник, Неделков рече дека неговите очекувања од новата Министерка се големи, од причина што таа долги години работи во образование и сѐ уште е редовен професор на еден од факултетите при УКИМ, а со тоа знае како стојат работите во образованието.
„Сметам дека доколку имаме добар социјален дијалог, доколку се согласиме за клучни прашања коишто се важни и за нас како синдикат, меѓутоа и индиректно за државата, тогаш СОНК и МОН ќе бидат вистински социјални партнери кои заеднички ќе ги надминат наталожените проблеми во дејноста образование“, рече Неделков.
Повеќе информации за средбата Неделков ќе ни даде утре по завршувањето на истата.