МакедонијаПравдаСветот на работникот

Уште две вработени во градинки позитивни на Ковид – 19

Нов случај на заразена воспитувачка - Работник
366views

Нови 2 вработени во градиники во Скопје и Куманово се позитивни на Ковид – 19. Досега преку скринингот на вработени во градиники во државава се откриени 4 асимптоматски случаи на коронавирус помеѓу воспитувачки и негувателки и еден во дома за стари лица. Министерот за здравство истакна дека нема да се брза со отворањето на градинките.

„Планот е веќе утврден со Министерството за труд и социјална политика и веќе почнаа да се отвараат уписите за тие деца чии родители навистина нема каде да ги носат, а тоа оди паралелно со оној процес кога градинките ќе бидат отворени на вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме,“ изјави Филипче.

Пред 3 дена претседателот на Комисијата за заразни болести изјави дека планот е градинките да почнат со работа на 15 јуни. Се додека не бидат отворени установите за згрижување на деца ќе важат мерките за продолжено породилно и ослободување од работни обврски на еден родител на дете до 10 годишна возраст.