- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Уште една недела со голем број атрактивни работни позиции, меѓу работодавците и FlexCredit, ESI, NYSK Holding и FMS (Facility Management Services)

Уште една недела со голем број атрактивни работни позиции - Работник
323views

Податоците на Агенцијата за вработување, покажуваат дека соодносот на невработеност помеѓу мажите и жените варира во зависност од образованието.

Имено, без образование и само со основно образование, невработени се 40,623 мажи и 43,944 жени, односно вкупно 84,617. Со непотолно средно образование во Агенцијата за вработување се регистирани 10,451 невработени мажи и 5,327 невработени жени, односно вкупно 15,778. Со завршено средно образование, како невработени регистирани се 22,126 мажи и 20,451 жени, односно вкупно 42,557. Виша школа имаат 710 невработени мажи и 721 жени, односно вкупно 1,431.

Невработени мажи со завршен факултет има 4,754, а жени 8,509, односно вкупно 13,263. Во листата на магистри на науки, впишани се 369 невработени мажи и 589 невработени жени, односно вкупно 985. И во делот на доктори на науки има најмала невработеност помеѓу мажите и жените, велат податоците на Агенцијата за вработување, 17 се мажи, 13 жени, односно вкупно 30 невработени.

Податоците се од јануари, 2021 година.