- Advertisement -
НовостиПравдаСиндикат

Федерација на пензионери: Да се замрзне старосната граница за одење во пензија

Федерација на пензионери - Работник
1.11Kviews

Пензионерскиот синдикат на Македонија веќе една година е член на Федерацијата на пензионери и постари лица – ФЕРПА, преку која ги истакнува своите проблеми на европско ниво и зема искуства од државите од Европската унија.

ФЕРПА во нејзиниот Манифест поставува четири приоритети, кои би можеле да бидат од голема полза и на пензионерите и постарите лица во Македонија.

Во продолжение Манифестот на ФЕРПА:

Европската Федерација на пензионери и постари лица донесе Манифест во кој поставува четири приоритети коишто ги засегаат пензионерите и постарите лица.

ФЕРПА тргнува од тоа дека за да пензионерите имаат пензии коишто би им овозможиле пристоен живот, потребно е претходно да имаат пристојни плати.

Четирите приоритети на ФЕРПА се:

  • Право на пристојни пензии за сите;
  • Право на долгорочна здравствена заштита за сите;
  • Право на квалитетно живеење кое ги уважува потребите на постарите лица;
  • Право до пристап на енергија и други важни услуги.

Право на пристојни пензии на сите

ФЕРПА забележува дека ситуацијата со пензионерите и постарите лица во Европа е загрижувачка, од причина што поради економските последици кои ги предизвика пандемијата со Ковид – 19 може да дојде до намалување, но и замрзнување на пензиите. Тука уште еднаш потенцираат дека, за да пензионерите имаат пристојни пензии, потребни се и пристојни плати. Се осврнуваат и на тоа дека во Европа жените примаат помали пензии од мажите, па нагласуваат дека е потребно да се сузбие родовиот јаз во платите, за да пензионерите би земале еднакви пензии.

Од Федерацијата во Манифестот истакнуваат дека пензионерските системи не можат да се анализираат само од аспект на економската одржливост, каде зголемувањето на возраста за одење во пензија се идентификува како единствено решение. Од друга страна, на темата на одржливост, мораме да се знае соодносот помеѓу вработените и пензионерите, во сите европски земји, да се одвојат издатоците за пензија од расходите за социјална заштита, за да се располага со доследни податоци за издатоците за пензиите поврзани со уплатените придонеси и издатоците за социјална заштита кои мораат да се платат со даноци.

Во однос на овој приоритет од ФЕРПА имаа низа барања, меѓу кои: замрзнување на возраста за пензионирање; износите на пензиите автоматски да се индексираат со платите и/или цените, за да им се гарантира куповна моќ на пензионерите; минималната национална пензија да биде поголема од прагот на сиромаштија, која според истиот модел ќе се воведе во цела Европска унија; да се отстрани нееднаквоста во пензиите меѓу жените и мажите, земајќи ги во предвид, на пример, периодот на бременост или периодот поминат во грижа на децата или постарите лица, со оглед на тоа дека грижата во главно се‘ уште ја пружаат жените; дефинирање на „минимална кошница за производи и услуги“ за постарите лица, за да се избегне ризикот од сиромаштијата…

Право на долгорочна здравствена заштита за сите

Федерацијата смета дека потребно е да се пружи долгорочна заштита на сите пензионери и постари лица, со тоа што здравствените услуги за нив да бидат бесплатни. Нагласуваат дека со оглед на тоа дека се поголем акцент се става на приватизацијата на здравствениот сектор во Европа, станува се потешко да се обезбеди здравствена заштита за овие лица. Потенцираат дека потребно е и да се обезбедат негуватели коишто би им помагале на постарите лица и пензионерите кои би останале дома, но и да се работи на подобрување на условите во Домовите за стари лица и да се ангажира поголем број на персонал, за да може да им се пружи квалитетна услуга на пензионерите и старите лица.

Во насока на здравствената заштита, од ФЕРПА бараат:

  • Право на универзален пристап до квалитетни јавно здравствени услуги, за што е потребно доволен број на персонал, како во болниците, така и во домовите за стари лица кои работат во доби работни услови – плати, работно време, опрема – во согласност со барањата на работата,
  • 100 % надоместок за сите видови на здравствени прегледи, без возрасни ограничувања,
  • 100 % надоместок за вакцинирање и тестирање
  • 100 % надоместок за основни медицински третмани

Од ФЕРПА нагласуваат дека сите политики коишто се однесуваат на здравствените услуги треба да се носат, со тоа што во предвид ќе се земе почитувањето на човековите права, соодветен пристоен живот и смрт.

Право на квалитетно живеење кое ги уважува потребите на постарите лица

Најголемиот дел од пензионерите сакаат да остарат дома, а само 1 % од нив сакаат да одат во дом за стари. Овие податоци ги споделува ФЕРПА во својот Манифест и додава дека потребно е да се овозможат подобри услови за живеење и сместување на пензионерите и повозрасните лица.

Барањата на ФЕРПА во поглед на овој приоритет се следните:

  • Политика на ЕУ за универзално делување и повторно вложување во пристапно живеење за сите пензионери, на кои тоа има е потребно, на локално и европско ниво,
  • Пристап до социјално живеење кој не нема да биде дискриминирачки поради возраста,
  • Ангажман кој би требало да се однесува на издатоците за изградба на соодветни институции и резиденции со добар квалитет, посебно наменети за постарите лица или лицата со инвалидитет.

Право до пристап на енергија и други важни услуги

Од ФЕРПА во Манифестот нотираат дека потребно е да се внимава со употребувањето на енергијата, бидејќи се заканува енергетска криза. Ова, како што велат, погодува голем број на луѓе, од кои најмногу постарите лица.

Поради ова, од ФЕРПА бараат:

  • Домаќинствата, особено постарите луѓе, да имаат пристап до покривање на своите основни потреби, поединечно или колективно, осигурувајќи, на пример, даночни стимуланси,
  • Креирање на програми за откривање и идентификување на болестите поврзани со енергетската сиромаштија,
  • Воведување на законски социјални тарифи за снабдување со енергија,
  • Максимален трошок на енергија кои се утврдува на темел на приходите, за да се овозможи плаќање: енергијата е важна услуга, а со тоа е и право.  

Манифестот на ФЕРПА ќе се усвои на почетокот од декември оваа година. Истиот е поддржан и од страна на Европската унија.