Занимливости

Фејсбук „избриша“ седум милиони објави со информации за Ковид-19

Фејсбук „избриша“ седум милиони објави со информации за Ковид-19
80views

Околу 22,5 милиони објавувања на Фејсбук беа отстранети во вториот квартал од оваа година и 9,6 милиони во првиот

Фејсбук објави дека отстраниле седум милиони објави во второто тримесечје од оваа година, поради споделување на лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и содржина што промовирала лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Ројтерс.

Фејсбук ги објави податоците како дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построгите правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролата на содржината на своите платформи. Фејсбук соопшти дека ќе покани независни експерти да ги проверат извештаите, почнувајќи од 2021 година.

Фејсбук отстрани околу 22,5 милиони објавувања што содржат говор на омраза на својата апликација во второто тримесечје од оваа година, а 9,6 милиони во првиот.

Избришани се и 8,7 милиони објавувања поврзани со екстремистичките организации, споредено со 6,3 милиони во претходниот период, пренесува Хина.

Фејсбук повеќе се потпираше на вештачката интелигенција во текот на април, мај и јуни бидејќи имало помалку работници во канцелариите поради пандемијата на коронавирус.

Извор: telegraf.rs