- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Го зголемивме бројот на здравствени работници

Зелениот пасош ќе важи - Работник
230views

Министерот Филипче на денешната прес – конференција рече дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем.

„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште на почетокот на летото, почнавме да го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемивме капацитетите, го зголемивме бројот на здравствени работници и го реорганизиравме системот. Но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките исто така ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да пружат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои. Мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои секако никој не ги посакува. Може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле. Ова не смееме да го дозволиме бидејќи ова ќе значи и доведување во прашање на економската стабилност на земјата, работните места, егзистенцијата. Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка и врз економијата и врз моралот на граѓаните насекаде. Можеме да го превенираме само со целосно и доследно држење до препораките и мерките.  Од нас зависи каква есен ќе имаме. Од нас зависи како ќе го премостиме и овој бран. Во текот на следните денови, преку зачестена комуникација со јавноста ќе информираме за новите одлуки и мерки“, изјави министерот Филипче.