МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Граѓаните да ги почитуваат мерките за да си помогнат себеси и на здравствените работници

Бројката од саботата на ново дијагностицирани - Работник
215views

Покрај тоа што има доволен болнички капацитет, медицинскиот персонал е навистина преморен. Ние секојдневно правиме реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира.

Министерот Венко Филипче на денешната прес – конференција посочи дека има доволен болнички капацитет, но дека здравствените работници се навистина преморени. Рече дека секојдневно се прави реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира.

„Системот може да го одржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните и почитување на мерките од нивна страна. Затоа повторно апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, да се помогне пред се на себеси, на своите најблиски и секако на сите вработени во здравствениот сектор“, рече министерот Филипче.