ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Програмерите земаат највисоки плати – во април зеле 1,187 евра плата

   Време за читање 1 минута

Државниот завод за статистика објави колку изнесувале платите во дејностите во месец април 2021 година. 

ИКТ секторот се уште го држи приматот „најплатен сектор во Македонија“ и во април месец, компјутерските програмери зеле плата од 73,108 денари или 1,187 евра. После вработените во овој сектор, следуваат вработените во финансиите, чија просечна плата изнесувала 55,504 денари или 901 евро. После нив се вработените во управувачките дејности – 40,573 денари или 659 евра. 

Иако ИКТ секторот е еден од најплатените во државата, сепак компаниите коишто работат во овој сектор велат дека многу е тешко да се најде квалитетен кадар, па поради тоа бројот на вработени во ИКТ секторот е помал, па поради тоа има раст на платите. 

Од друга страна, според ДЗС најниски плати во април зеле вработените во кожарската индустрија – 16, 909 денари или 274 евра и вработените во текстилниот сектор – 17,205 денари или 279 евра. 

Фото: Freepik