Вести

Јуридика: Што не смее да ви побара вашиот работодавач?

Што не смее да ви побара вашиот работодавач?
Низ целата постапка на вработување, особено во делот со спроведување на интервјуата со кандидатите за вработување, работодавачот мора да се придржува до одредени правила. Тој смее да бара од кандидатот да ги приложи само оние докази кои се потребни за исполнување на бараните услови за вршење на работите.
Работодавачот при склучувањето на договорот за вработување не смее да бара податоци за семејниот, односно брачниот статус и планирање на семејството, односно да бара да му бидат доставени други исправи и докази коишто не се во непосредна врска со работниот однос. Особено е забрането барање на тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со работничка, без оглед на работното место за кое се заснова работниот однос.
Работодавачот не смее во никој случај да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба во врска со престанок на работниот однос. Дури, при склучување на договор за вработување кандидатот нема обврска да достави доказ за здравствената способност, освен ако работодавачот на своја сметка го испрати на здравствен преглед.

Тимот на Јуридика