- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Филипче: Нема барања за годишен одмор од здравствените работници

Филипче: Нема барања за годишен одмор - Работник
262views

Точно е дека препораката е да не се користат годишни одмори, но навистина здравствени работници се свесни и совесни во својата работа и практично барање за годишен одмор или за одмор, колку што сум информиран, и да нема, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Тоа значи дека сите се целосно посветени на пациентите, сите се свесни и херојски ја извршуваат својата задача. Таму каде недостасува кадар се надополнува од други здравствени институции, посочи Филипче.

Од Лекарската комора вчера ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на болеста и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите и самите нас, со цел да го заштитиме јавното здравје, затоа што болниците се речиси исполнети.

Голем проблем претставува и намалениот број на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваат и со премореност, бидејќи епиде*ијата трае многу долго. Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива, истакнуваат од Лекарската комора.

Министерот Венко Филипче денеска исто така рече дека засега дополнителни рестрикции не се потребни. Тој истакна дека бројката на новозаболени денеска е нешто помала, односно дека е под 1000, додека преходните неколку дена имаше над 1200.

Вели дека сметаат дека полицискиот час ќе даде резултат кон крајот на неделата, односно две недели од воведувањето.

-Следни чекори би биле зголемување на траење на полицискиот час и намалување на работното време на угостителските објекти – рече Филипче.