МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: После заслужениот одмор повторно ќе разговарам со медицинските сестри од Инфективна

   Време за читање 1 минута

Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници – напиша Министерот за здравство, Венко Филипче на фејсбук. 

 

Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, September 30, 2020

Сител се обидел да стапи во контакт со менаџментот на клиниката за Инфективни болести за да ја дознае вистинската причина за оставките на медицинските сестри, но не добивме одговор. Неофицијално во оваа установа подолг период постојат недоразбирања помеѓу дел од раководството, како и медицинскиот персонал и дека трите медицински сестри кои поднесуваат оставка не се единствените кои се незадоволни од условите во коишто работат вклучувајќи ја и заштитната опрема која ја добиваат и начинот на третман во однос на тоа како тие треба да работат во оваа установа.