МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Сега не е време за отворање на градинките

Филипче - Работник
147views

Во овој момент не е време да се отворат градинките, поради тоа што децата се големи трансмитери на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Не може да се каже точно кога би биле отворени градинките, но како што вели, тоа сигурно нема да биде во скоро време, поради порастот на бројот на заболени. По однос на скринингот во градинките кој се направи рече дека одлуката да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога состојбата со коронавиусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.

-Во тој момент ситуацијата беше таква градинките да можеа да се отворат, направивме скрининг за да се заштитат децата и вработените. Но после зголемување на бројот на новозаболени, сега во овој момент не е време да се отворат градинките затоа што децата се големи трансмитери на вирусот. Тешко е сега да кажеме точно време тајминг кога би се отвориле меѓутоа засега сигурно не, рече Филипче.

Градинките, Центрите за странски јазици и игротеките факт е дека засега остануваат нерешени прашања. За оние деца кои не одат в градинка, еден од родителите останува дома, додека центроте за странски јазици и игротеките се жалат дека се во многу незавидна положба и дека ако нема интервенција од страна на државата, нивните дејности тешко ќе опстанат.

Извор: Тера