- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна

Приватно лекување за Ковид - Работник
191views

Медицинскиот кадар е целосно мобилизиран, но состојбата во болниците е многу сериозна. Ваква е оценката на министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките.

На состанокот се разговарало за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети и терпиите.

„Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна“, оцени Филипче.

Затоа, како што посочува, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битката со ковид пандемијата.