- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Филипче: 2020 година беше тешка за сите, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит

Филипче: 2020 година беше тешка за сите - Работник
300views

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук упати благодарност до своите колеги.

-Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. 10 месеци борба за спас на сечиј човечки живот. 10 месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале. Апелирам овие празници да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Со ова, ќе им помогнеме и на медицинските лица празниците да не ги поминат со зголемен интензитет на работа, туку колку што можат повеќе да одморат. Дел од нив ќе бидат дежурни и за време на празниците, Ве молам да им олесниме. Мои колеги и наши херои – Ви благодариме за целиот ваш хуман труд и професионалност! Ви благодариме што издржавте и покрај тоа што сте уморни. Вие сте нашата гордост и сила!  Ви посакувам среќни новогодишни и божикни празници!, напиша Филипче.

 

Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и…

Posted by Венко Филипче on Thursday, December 31, 2020