ЗанимливостиСветот на работникот

Филмската индустрија се буди, еротските сцени во филмовите ќе се снимаат на поинаков начин

89views

Филмската индустрија полека се буди, па од 12 јуни ќе продолжат да се снимаат филмови и серии по паузата поради коронавирусот. Но некои работи ќе бидат поинакви од претходно.

Властите ги предупредија филмските работници да продолжат да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот, а сексуалните сцени ќе се снимаат поинаку од досега.

Иако сите кои ќе бидат вклучени на сетот ќе се тестираат, сцените со секс како и сите други кои вклучуваат блиски контакти, или целосно ќе се менуваат, или ќе се снимаат со помош на компјутер и потоа ќе се додаваат во монтажата. Аудициите и понатаму ќе се одржуваат нормално, но продуцентите ќе надгледуваат зад плексиглас.

На сите сетови ќе има и посебни надзорници кои ќе внимаваат што се слчучува и дали се кршат некои правила, пишува Дејли мејл.