Финансиска поддршка за „Соко Горица“ за развој на нови технологии
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на г-н Дејан Павлески оствари средба со раководството на компанијата Соко Горица ДООЕЛ со цел остварување на континуитет и соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Соко Горица и можностите за зголемување на производството. Компанијата Соко Горица се занимава со производсто на овошни пијалоци во дојпак амбалажа, меѓу кои најпознати се сокчињата „АмиГО“ и „ВитаГО“.
Финансиската поддршка која компанијата ја доби е во времетраење од пет години по основ на две мерки – пораст на капитални инвестиции и приходи и поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.
Компанијата е извозно ориентирана и повеќе од 95% од производите се пласираат на пазарите во над 30 различни земји ширум свето и 60 вработени кои се секојдневно посветени на производството и пласманот на повеќе од 30 милиони сокчиња годишно.