ФИРМИТЕ ВЕЌЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПРОФИТИТЕ ЗА ПОГОЛЕМИ НАДОМЕСТОЦИ НА РАБОТНИЦИТЕ, но што кога ќе се увезат работници од Непал и Бангладеш?
Автор: Бобан Илијевски
Логично е да се каже дека секој сам си се бори за своите права и секој сам си одлучува за својата судбина и за својата иднина, вели Александар Димитријевиќ, адвокат и координатор на трудовиот сектор на Левица, повикувајќи се на постот кој пред десетина дена го објави на Фејсбук за тоа дека работниците треба да се стекнуваат со вештини за да бидат конкурентни на пазарот на труд.
„Во постот објавен на Фејсбук има едно делче каде што се вели дека работникот треба да се доедуцира и да стекне поголеми вештини, за да на пазарот на труд стане повреден производ; ако може работничкиот труд да се нарече производ, а според Маркс може оти тој така го има дефинирано“, вели Димитријевиќ.
Кога работникот станува квалитетен и добар во својата професија, вели тој, станува и баран производ од страна на повеќе работодавачи.
На Запад каде што навистина владее капитализмот, односно човечкиот труд се цени според производот што го дава тој, работодавачите лицитираат за подобар работник, вели Димитријевиќ.
Тој истакна дека во време кога побарувачката на работна сила е поголема од понудата, особено кај нас, работниците се во состојба да бидат тие коишто ќе ги бираат работодавачите.
„Ако памтите, порано во огласите за вработување како маркетиншки трик со кој работодавачите ги привлекуваа работниците беше: ‘дојдете ќе ве вработиме на неопределено време’, а сега веќе не си ни спомнува Договор на неопределено време, бидејќи се подразбира“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека сега работодавачите ги привлекуваат со топол оброк, приватно здравствено осигурување, службено возило, бонуси, регрес за годишен одмор…
Смета дека сѐ додека не се увезе работна сила од посиромашните држави од нас, како Непал и Бангладеш, работодавачот сѐ повеќе ќе се откажува од својот профит во корист на работникот, со цел да го задржи.
Во однос на грижата за работничките права, Димитријевиќ вели дека тоа е делумно одговорност на работникот, бидејќи тој треба да си ги знае своите права.
Димитријевиќ во својство на адвокат вели дека тој им ги кажува сите права кои им следуваат на работниците согласно законите и колективните договори, но на нив останува дали ќе одлучат да поведат постапка пред суд.
„Условите од моја страна се прилагодени кон работникот за правдата да им биде прилагодена, односно да не биде скапа и недостижна, како што се вели во јавноста.“, вели Димитријевиќ.
На глобално нив, вели тој, работниците треба да се грижат за својата работа и своите права, но не се оние кои ја креираат политиката во државата, во смисла на тоа дали ќе се донесе нов Закон за минимална плата, дали тој ќе одговара на потребите на работниците, дали е применлив и дали Владата треба да се фали со нив.
Работниците во улога на гласачи, објаснува тој, ѝ даваат легитимитет на одредена политичка партија да се грижи за креирањето на законите и унапредувањето на правата. Нивна работа е да бидат професионалци во своите професии. Сепак, кај нас е таква ситуацијата што работниците се оставени сами на себе, па поради тоа има и голем број на индивидуални тужби кон одредени работодавачи.
- Секој четврт вработен во Германија работи од дома (Анкета за читателите) - 25/03/2025
- Дарко Шпер и понатаму штрајкува со глад, Извршниот одбор на синдикатот Независност одржал седница во РТВ - 24/03/2025
- Одлучувачки при вработување: 10 брзо растечки вештини кои компаниите сакаат да ги видат во вашето CV - 24/03/2025