МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) СПМ: Полицајците во Прилеп немаат основни хигиенски услови

СПМ: Еве во какви услови- Работник
535views

Од страна на Синдикат на Полиција во Македонија добиени се сознанија во врска со одредени состојби во Одделение за внатрешни работи -Прилеп за кои мора да се преземат соодветни мерки за навремено решавање на можни идни проблеми и последици.

Имено добиени се информации дека веќе два и повеќе месеци во наведената организациона единица (сите органзациони единици во рамките на ОВР Прилеп) има недостаток на дезинфекциони средста, односно заштитни маски, ракавици и алкохолни или Асепсол дезинфекциони средства кои служат за основна заштита/превентива на полициските службеници во однос на епидемијата од Ковид 19. На неколку наврати од поединци е побарано од одговорните лица во организационата единица за набавка на наведените средства, но не е добиен одговор во било каква форма.

Со самото тоа се прекршуваат протоколите на Владата кои се донесени за борба против епидемијата од Ковид19 и кои МВР е должно да ги спроведува во сите организациони единици. Исто така се доведува во опасност здравствената сигурност на полициските службеници кои секојдневно се во контакт со граѓани во извршувањето на своите задачи на терен и со тоа се зголемуваат шансите истите да се заразат.

Следната информација се однесува на ангажман на полициски службеници за обезбедување на Фабриката “Еурокомпозит-11ти Октомври” во Прилеп, која е во стечај од почетокот на 2020 година. Истите работат во 3 смени, сместени во стражарницата на фабриката каде немаат основни услови за работа. Кога се зборува за основни услови на работа во конкретниов случај тоа се однесува на исклучено напојување со електрична енергија во фабриката, исклучено напојување со вода и со самото тоа полициските службеници немаат греење, немаат вода за пиење нити вода во санитарните јазли и чешмите за одржување на основна лична хигиена. Полициските службеници го вршат обезбедувањето врз основа на издадена наредба но не им е објаснето нити усно кажано што конкретно обезбедуваат и на што треба посебно да обрнат внимание. Со оглед на тоа дека наведената фабрика изработува панцирни елеци и кошули за потребите на МВР и МО, може да се дојде до заклучок дека се работи за витален објект.

Следствено на тоа што нема електрична енергија, во вечерните и ноќните часови невозможно е да се обезбедува целокупниот објект на фабриката бидејќи не е осветлена ниту внатрешноста а ниту надворешноста, а земајќи во предвид дека се работи за објект и површина од повеќе илјади квадратни метри исто така е невозможно тоа да го обезбеди еден полициски службеник. Од тие причини фабриката е на удар на кражби и полициските службеници се судруваат со закани од претпоставените дека ќе бидат казнувани доколку продолжат кражбите во фабриката.

Просторијата каде полициските службеници ја извршуваат задачата нема основни услови , може да се рече дека не се ни човечки затоа што нема ниту столици за седење, нема хигиенски услови во кои би можеле да имаат оброк во 8 часовната смена, заради ниските температури во ноќните часови немаат никакви услови за греење и со себе носат кебиња за да се затоплат.

Оваа ситуација која воопшто не е ниту долична на МВР, се одвива веќе 8 месеци но полициските службеници решија сами да не известат како Синдикат заради наближување на зимата и ниските температури при кои не би имале можност да ги извршат своите задачи но исто така заради притисокот и заканите од претпоставените во однос на извршувањето на тие задачи.

За ова што говориме да докажеме дека е така Ви доставуваме фотографии за точно да се утврди конкретната состојба во објектот каде се извршуваат задачите како и целосниот објект кој е предмет на обезбедување.

Согласно наведеното Бараме да се обезбедат соодветни услови за работа на полициските службеници во ОВР Прилеп во поглед за заштита од Ковид 19, како и да се утврди врз основа на што и кои причини се оставени повеќе месеци да обезбедуваат објекти и дали тоа е врз основа на правилата и прописите на Министерството.

Со почит,

ДА СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!!!