МакедонијаПравдаСветот на работникот

Хавзиу: Потребни ни се целосни податоци за работниците чии права се прекршени, за да може да постапиме

Хавзиу: Потребни ни се целосни податоци - Работник
168views

Државниот инспекторат за труд, бил особено активен во последните седум дена, при што реализирал вкупно 670 контроли кај работодавачи, во коишто се вработени вкупно над 12.000 лица.

„За периодот од 10 – 16 јуни од страна на овој инспекторат донесени се 25 решенија и 25 укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи“, посочи Директорката на Инспексцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

При контролите утврдено е дека работодавачите согласно препораките од работните задачи имаат ослободено над 130 лица по основ на грижа за деца под 10 години, околу 50 лица по основ на хронична болест и 95 бремени жени.

Директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, укажа на една појава при пријавување на претставки во трудовата инспекција.

„Најстариот начин на пријавување на претставките е преку нашиот веб сајт каде што има две можности, од анонимен подносител и од познат подносител. Јас на претходна прес-конференција укажав дека ние ќе ја чуваме анонимноста докрај и граѓаните што имаат жалби и поплаки по основ на работен однос или по законот за безбедност и здравје при работа да не чекаат, веднаш да пријавуваат. Во пракса што се случува? Преку веб сајтот има и анонимни претставки каде што подносителот не кажува податоци за себе или контакт телефон или е-маил адреса или било каков контакт и не кажува за која фирма се работи. Ние и хипотетички не знаеме каде да постапуваме. Затоа, кога пишуваат, знам дека од мака пишуваат, кога пишуваат претставка, да напишат сè што треба“, посочи Хавзиу.