МакедонијаНовости

ХАЛК БАНКА: Со донација од 50.000 евра, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените

   Време за читање помалку од минута

Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата, велат од Халк банка АД Скопје. 

„Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените.Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани…А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, соопштија од банката.