- Advertisement -
Правда

Хелсиншки Комитет: Инспекторатот за труд не ја доставувал целосната документација до поднесителите

Хелсиншки Комитет - Работник
307views

Според Иконографикот на Хелсиншкиот Комитет за човекови права може да се види дека Државниот инспекторат за труд сеуште не е ефикасен во постапувањето согласно неговите надлежности.

Хелсиншкиот комитет наведува дека Државниот инспекторат за труд сеуште не постапува брзо и ажурно по поднесените барања за вондреден инспекциски надзор. Од комитетот велат дека неопходно е побрзо и поажурно постапување за подобрување на ефикасноста на заштитата на работничките права.

Advertisement

Од Хелсиншкиот Комитет во игонографикот истакнуваат дека Државниот инспекторат за труд во периодот за кој се известува, во ниту еден случај не ја доставил целосната документација од извршениот инспекциски надзор (записник од извршен инспекциски надзор, решение, платен налог и слично.) до поднесителите на барањата за вондреден инспекциски надзор. Ценат дека Инспекторатот мора да ја промени оваа практика доколку цели да ја зголеми транспарентноста во своето работење.

Од таму во иконографикот посочуваат дека Инспекторатот сеуште нема воведено ниту телефонски линии во сите подрачни едници. Предупедуваат дека ова влијае до пристапот до заштита и мора во најкраток можен рок да се промени.

Advertisement
Advertisement

Во иконографикот е наведено и дека Државниот инспекторат за труд треба да ја унапреди соработката со синдикатите, организацијата на  работодавачите и да биде поотворен за соработка со граѓанските организации. Државниот инспекторат за труд треба почесто, поефикасно и по сопствена иницијатива да врши контролни надзори во случаите каде констатирал повреди на работнички права и да проверува дали работодавачите постапиле по неговите решенија.

Државниот инспекторат за труд треба да ги известува подносителите на барањата за вонреден инспекциски надзор за исходот на иницираните прекршочни постапки и висината на прекршоците изречени против работодавачите кои не постапиле по решенијата на инспекторатот и не ги отстраниле утврдените повреди
на работнички права. Државниот инспекторат за труд сè уште нема имплементирано најголем дел од
дадените препораки во инфографиците на Хелсиншкиот комитет, потенцираат од комитетот.

Инспекторатот за труд вината за неговата неефикасност ја насочува кон недостатокот на инспектори кои би вршеле инспекциски надзор.

Advertisement