Хит оглас за работа, се работи од дома: Плата 1,500 евра, а треба да одговорите на 3 прашања и да поминете психолошки тест
Основачот на хрватските портали Индекс и Тејст Атлас на социјалните мрежи објавил оглас за работа за новинари. Сите барања кои ги навел се релативно вообичаени иако недостасуваат некои кои би ги очекувале.
Така, во огласот не се наведува потребата за средна или виша стручна спрема, но се наведува дека е потребно одлично познавање на општа култура и светските случувања.
Ми треба некој со одлична општа култура кој се’ уште не го нашол своето место под сонцето. Сакаш да читаш книги, следиш се’ што се случува, читаш домашни и странски медиуми, размислуваш за иднината, знаеш сешто за се’,… но не си нашол работа каде можете тоа да го искористите – се наведува во огласот.
Една ставка во огласот е особено важна и основачот на порталите посебно ја истакнува во својот оглас.
Најважно ми е да сте стабилна личност која ќе положи психолошки тест. Не можам да работам со луѓе кои не се стабилни – пишува во огласот.
Се додава дека важно е и кандидатот да е вреден и одговорен бидејќи има многу работа и многу се работи.
Заедно со CV-то, во огласот се бара и краток текст за некоја од најважните теми.
Напиши и неколку реченици за тоа што мислиш за woke културата (не е идеолошко трик прашање, сеедно ми е дали си про или анти), Тесла (Маск) и која ти е најдобра AI алатка и зошто – се наведува на крајот на огласот.
Одговарајќи на прашањата на заинтересираните, огласувачот потврдил дека позицијата подразбира работа на далечина.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock, LinkedIn
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025