ЕкономијаМакедонијаНовости

Хотелите на ЕЛЕМ – Турс на Попова Шапка ќе одат во директна приватизација, вели Бектеши

Хотелите на ЕЛЕМ - Работник
224views

Пред корона кризата ние ги завршивме подготовките што се однесува до Визибилити студијата, истовремено направивме и Визибилити студија за Попова Шапка, односно за сите туристички објеккти коишто се во сопственост на ЕЛЕМ – Турс, рече Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес – конференција.

„Јас и Премиерот и понудивме на Владата на Косово, заеднички да настапиме во развивањето на Попова Шапка. Очекуваме одговор од нивна страна, во спротивно ние секако сме подготвени и во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за доделување на Попова Шапка во потполна приватизација или како јавно – приватно партнерство“, рече Бектеши.

Треба да се има во предвид дека освен ски – центарот, ЕЛЕМ – Турс има сопственост и на хотелски објекти, а согласно студијата хотелските објекти ќе одат во директна приватизација, рече Бектеши. 

Бобан Илијевски