- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Хотелските работници бараат помош од државата

Хотелските работници - Работник
411views

Ако не продолжи помошта од државата кон хотелскиот сектор и ако оваа туристичка сезона биде слаба, а такви се и очекувањата, од наесен добар дел од вработените во туристичкиот сектор покрај Охридското Езеро ќе останат без работа, велат за Алсат од ХОТАМ. Охрид и Струга живеат од туризмот, но како стојат работите, ги очекува уште една тешка сезона.

„Работниците не бараат плата само за јули и август. Тие бараат 12 месеци плата. Ние успеавме минатата година да се задржат повеќе од 90 отсто од вработените во оваа индустрија, очекувајќи дека ќе имаме некаква сезона сега. Но, ако и овој пат нема таква сезона ќе има многу отпуштања на вработени. Не дека хотелиерите и рестораните не сакаат да работат, но условите ќе бидат такви да мора да отпуштаат“, рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Од ХОТАМ реагираат што не биле вклучени во шестиот сет владини мерки и покрај нивните барања да не бидат изоставени, затоа што добар дел од хотелите оваа зима не работеа.

Повеќе на АлсатМ