Хрватска е земја со најголем пад на индустриското производство во ЕУ во ноември
Во ноември, Хрватска забележа најголем пад на индустриското производство во ЕУ, многу пати посилен од просекот, покажаа во средата податоците на Европскиот завод за статистика, објави Н1 Хрватска. Во еврозоната индустриското производство е намалено во ноември за 1,9 отсто во однос на истиот месец од 2023 година, пресметале статистичарите.
Производството на капитални добра е намалено за 2,6 отсто во ЕУ. Забележливо е намалено и производството на интермедијарни производи. Раст е забележан само во секторот нетрајни производи за широка потрошувачка во ЕУ, за 0,1 отсто. Убедливо најголем пад на индустриското производство на годишна основа е забележан во Хрватска во ноември, за 6,6 отсто. Следат Ирска и Австрија, со пад на производството во ноември за околу пет проценти. Убедливо најголем пораст на производството забележа Малта, за 13,5 отсто во однос на ноември 2023 година. По неа е Белгија, со раст од 8,7 отсто, покажуваат податоците на Европската статистичка служба. Во Словачка и Естонија, производството остана, горе-долу, на нивото од ноември претходната година.
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025