- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравда

Царовска на Сител: Заедно со средношколците ќе работиме на нова концепција за полагање матура

70views

Со средношколците и Државниот испитен центар ќе се формира група којашто ќе работи на промена на концепцијата за полагањето на матурата од следната учебна година. Ова е договорено на вчерашниот состанок на којшто присуствуваа претставници од Сојузот и министерот за здравство Венко Филипче, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на Дневникот на Сител телевизија.

Царовска вели дека за годинава полагањето ќе се спроведе според концепцијата утврдена уште на стартот на учебната година, а за тоа навреме се информирани матурантите.

Advertisement

„Повеќе од 14.000 матуранти ја пријавиле матурата, што всушност е бројката на матуранти отприлика коишто ги имаме годинава во земјата. Концептот за полагање на матурата е утврден уште на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Сите коишто планираат да продолжат на факултетите треба да ја полагаат матурата затоа што таа е услов да може да го продолжат образованието на факултетите и дома и надвор од земјата”, рече Царовска.

Advertisement
Advertisement