- Advertisement -
НовостиПравда

Царовска: Реформите ќе се прават постепено, сите ќе можат да се вклучат во процесот

МОН: Создадени се услови - Работник
131views

В.д. деканот на природно- математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Валентин Мирчески, одговарајќи на новинарско прашање за нацрт концепцијата за основно образование вели дека ова е секако период на дебата и таа дебата продолжува.

„Ние сме убедени дека министерството ќе прифати дел од предлозите коишто се веќе во пишани документи и дека ќе имплементира наши луѓе во изготвување на целокупната идеја во профилирање“, рече Мирчески. 

Мирчески посочи дека поимот интеграција на предмети му е познат на факултетот затоа што и тие имаат двопредметни студии.

„Поимот интеграција за ПМФ секако не е стран затоа што Факултетот е факултет за природни науки. Во оние наставни насоки коишто ги имаме за кадар во основното образование тие секако се двопрдметни студии, ние ги нарекуваме биологија-хемија, математика-физика, така да самиот поим на интегрирање и на меѓуресорска соработка за нас не е ништо ново. Во таа смисла дискусијата којашто се разви на факултетот, се разбира посебно од страна на наставниците одговорни за методика во соодветните дисциплини, таа не е дискусија која анблок го одбива предлогот. Секако, таа како дискусија на високи интелектуалци има критички тон и дека треба да се внимава со интензитетот на имплементација“, рече Мирчески.

Царовска: Реформите ќе се прават постепено, сите ќе имаат можност да вклучат во процесот

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со коментарите за нацрт концепцијата рече дека голем дел од академската јавност и наставници стојат зад новата нацрт концепција за основно образование и дека во овој процес не е сама. Царовски посочи дека е очекувано во нашата држава кога се случува голема реформа којашто е значајна да се има спротивставени ставови.

„Сите коментари се добредојдени и се добронамерни и секако дека тие што се издржани и се на место ќе ги земеме во предвид. Оваа реформа ќе значи квалитет во образование за сите деца коишто се во системот и за оние коишто влегуваат. Со реформите одиме полека затоа што влегуваме во две одделенија од целата деветолетка, односно не правиме радикални чекори како што се правело претходно, туку концепцијата  постепено ќе се внесува до деветто одделение. Сите имаат можност да го видат и да го прочитаат документот, ниту еден наставник нема да остане без работа, влегуваме етапно и постепено за да гарантираме квалитет и за секоја наредна учиме од претходната година и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни коишто имаат одредено мислење. Овој концепт на учење го подготвуваат педагози, психолози и наставници од настава, за да може врз основа на него да се изградат наставни програми во коишто ќе учествуваат сите релевантни страни. Во наставните програми за општествени науки ќе учествуваат историчари, социолози, географичари, за оние по природни науки, математичари, хемичари, биолози, физичари“, рече Царовска.

Царовска истакна дека добро е да се има спротивставени ставови, коментари и предлози коишто се конструктивни во врска со предложената концепција , но не и отфрлање на истата.

„Отфрлање значи дека истовремено треба да понудите сосема нов концепт. Овој концепт е меѓународен и не е нешто што во светот не се случува и ние како држава за прв пат го воведуваме. Да не заборавиме дека во земјите кадешто се спроведува ваквиот начин на учење тие имаат највисоки резултати на меѓународните тестирања, високо се на скалата на знаење и имаат продуктивност на нивните граѓани“, рече министерката.