ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Платите во „Герсхајмер“ ќе бидат двојно поголеми од просечните во Македонија, рече Заев

Инвестицијата на фабриката „Герсхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2, Бунарџик ќе биде 25 милиони евра, а компанијата предвидува да вработи 400 лица, истакна Премиерот Зоран Заев на отворањето на погонот на компанијата, нагласувајќи дека платите ќе бидат двојно поголеми од просечните во Македонија. 

Заев рече дека компанијата има амбициозен план и дека ќе биде домашна компанија, бидејќи ќе произведува домашно македонско производство. 

„Ова ќе биде најголема поединечна инвестиција во историјата на Македонија, од областа на медицината и фармацијата“, дополни Заев и објасни дека Гересхајмер низ светот има 10.000 вработени и приход од 1,4 милијарди евра.

„Ова е нивна прва инвестиција во југоисточна Европа“, рече премиерот.