- Advertisement -
НовостиПравда

Царовска: Со поддршка, а не казни до поквалитетна работа на наставниците

225views

Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и наука и институциите под него, се однесуваа наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат(ДПИ), тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме“, укажа министерката Царовска.

Преку Државниот просветен инспекторат направени се повеќе од 4200 надзори, околу 2700 се редовни, 1400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, за да се  види дали се отстранети забелешките.

Царовска рече дека сите институции под Министерството се информирани дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година.