Целосни плати за вработените во изолација и самоизолација
Време за читање помалку од минута
Повеќе од 60 отсто од вработените во државната администрација и локалните самоуправи работат од дома, вели Министерот за државна управа и локална самоуправа на Србија, Бранко Ружиќ и наведува дека на вработените кои се во изолација или самоизолација им е обезбеден полн износ на платите.
Навел дека измените на колективните договори во сила стапиле на 14 април и ќе се однесуваат и на мартовските плати.
„Сите се надеваме дека вонредната состојба во догледно време ќе биде прекината. Овде не се работи само за колективните договори кои ги има потпишано Министерството за државна управа и локална самопурава, туку и за колективните договорите на другите министерства по препорака на Владата“, рекол Ружиќ за ТВ Прва.
Latest posts by Портал Работник (see all)