ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите
Работниците во Словенија и понатаму заработуваат 64 отсто повеќе отколку работниците во Хрватска.
Хрватска со 16,5 евра и натаму е во групата држави од ЕУ со најниска цена за работен час, но напредувала за неколку места. Зад нив сега се Бугарија, Романија, Унгарија, Литванија и Летонија. Сепак, просечната цена за работен час во ЕУ е сè уште двојно повисока отколку во Хрватска. За споредба, цената за работен час во Словенија лани била 27,1 евро (што е за 64 отсто повеќе од Хрватска), во Австрија 44,5 евра, а во Германија 43,4 евра.
Во рамките на еврозоната, трошоците за работна сила по час пораснаа минатата година во сите земји. Најголем раст е забележан во Хрватска (14,2 отсто), Летонија (12,1 отсто) и Литванија (10,8 отсто). За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, саатниците најмногу скокнале во Романија (14,2), Бугарија (13,9) и Унгарија (13,6 отсто), објави Даница.хр.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025