- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Четвртиот пакет ги исклучи - Работник
3.4Kviews

Финансиската помош од 6.000 денари од четвртиот пакет беше обезбедена за 283.000 луѓе, но околу 22.000 немаа ажурирани банкарски податоци и таа не им стигна на сметка поради што за нив е продолжен рокот за префрлање на пари, а околу 78.000 луѓе, пак, сметаа дека неоправдано ги нема на списокот за помош, дадоа приговори, но позитивен одговор има само за 2.132 граѓани.

Од Владата велат дека проверките завршиле и ова се конечните бројки за директната помош од четвртиот пакет.

Advertisement

– Најголем дел од неприфатените приговори од четвртиот економски пакет се од лица кои веќе добиле помош во третиот сет мерки.Политиката на Владата е да бидат опфатени што е можно повеќе граѓани – велат од Владата.

Advertisement
Advertisement