МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот за угостителство и туризам дава безрезервна поддршка на протестот на синдикатите при КСС

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија дава безрезервна и целосна поддршка на протестот на синдикатите при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Сметаат дека работниците треба да ги остваруваат сите работнички права коишто им следуваат согласно Уставот, законите и меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано.

Нивен став е дека социјалниот дијалог е сведен на многу ниско ниво и дека работниците се ставени на маргините од општеството, па поради тоа тие мораат револтот да го искажат на улиците.