Чулев: Државен карантин за непочитување на мерките
Министерот за внатрешни работи , Наќе Чулев во вчерашната емисија ,,Само Интервју “ на Канал 5, рече дека ќе има драстични казни за оние кои не ја почитуваат мерката за самоизолација, а прекршителите сами ќе си платат..
Чулев најави и дека точка на вечерашната владина седница е и прогласување полициски час како мерка за запирање на ширењето на коронавирусот.
Министерот најави засилени полициски контрола на улиците и информира дека од утре почнуваат со патроли и припадниците на Единицата за брзо распоредување, со цел разбивање на групите граѓани кои не ги почитуваат препораките и се собираат повеќе од 5 лица.
Тој вечерва рече и дека личните документи ќе бидат важечки во услови на прогласена вонредна состојба.
Извор: Канал 5

