- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Шахпаска: Зголемувањето на невработеноста е поради пријавувањето на младите до 29 години во АВРМ

Шахпаска - Работник
808views

Зголемувањето на бројот на невработени во периодот март – декември, според податоците коишто и ние ги имаме од Агенцијата за вработување вели дека само за 0,3 % е зголемен бројот на невработени лица, во услови кога целиот свет се соочува со најтешката, не само здравствена, туку и економска криза, истакна Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес – конференција на која ги презентираше постигантите цели во првите 100 дена на Министерството.

„Меѓутоа кога оваа бројка ќе ја споредиме со истиот период, односно третиот кварал од 2019 година година, доаѓаме до податокот дека невработеноста кај нас е намалена за 0,6 %, и ако минатата година истиот период изнесувала 17,1 %, сега, со бројоките кои ги имаме од третиот кварал изнесува 16,5 %“, рече Шахпаска.

Според неа, најголем дел од лицата коишто останале без работа, како последица на пандемијата со Ковид – 19, преку Оперативниот план на програми и мерки, МТСП заедно со Агенцијата за вработување работи на тоа што побрзо да бидат вратени на пазарот на трудот. Вели дека дури и во услови на пандемија, Оперативниот план на програми и мерки во одредени мерки има висок процент на реализиација. 

Шахпаска ја посочи мерката за субвенционирање на плати којашто, како што вели, е исполнета 100 %, како и мерката за самовработување која има висока реализација блиску до 100 %, понатаму, Проектот гаранција за млади, преку кој 21,500 млади влегле во Агенцијата за вработување и од нив 6,000 успеале да влезат на пазарот на трудот, односно се вработиле. 

Податоците коишто говорат дека се зголемува невработеноста, вели Шахпаска, е регрутитање на нови млади граѓани до 29 години коишто за првпат се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

Таа додаде дека одреден број на граѓани коишто во изминатиот период работеле по основ на авторски договори, договори на дело или биле отсутни од државата подолги години и не се пријавувале во Агенцијата за вработување, доплнително биле мотивирани од носењето на четирите пакети на економски мерки, со коишто невработени биле вклучени во пакетите и добивале финансиска поддршка, како во претходните три, така и со последниот во износ од 6,000 денари. 

Законското решение за Недела како неработен ден верувам дека ќе биде влезено во собрансика процедура после Нова Година

Недела како неработен ден е законско решние кое е измена на Законот за работни односи. На ова решние работиме веќе изминатиот период, можам да кажам, последните месец и пол, рече Шахпаска, одговорајќи на новинарско прашање.

Посочи дека консутлациите веќе се завршуваат, истакнувајќи дека укажале како МТСП дека драфт верзијата е изработена, ја предочиле на сите партнери во Социјалниот дијалог, меѓутоа сеуште во општеството има интерес за ова законско решение, за и против, меѓутоа, вели, тие не се откажуваат. 

Шахпаска верува дека во периодот после Нова Година законското решние ќе влезе во собраниска процедура и дека ќе биде изгласан во интерес на оние поради кои се носи.

Таа посочи дека дилемите се околу тоа кој треба, а кој не треба да работи во Недела. Нејзин став е дека само виталните дејности без кои државата не може да функционира, треба да работат во Недела. 

Бобан Илијевски