МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Шахпаска: Остваруваме интензивни средби со засегнатите страни за Законот со кој нема да се работи во недела

Шахпаска: Остаруваме интензивни средби - Работник
155views
Фејсбук статус на Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика:
 
Согласно прифатената иницијатива на Владата недела да биде неработен ден и задолжувањето како Министерство за труд и социјална политика да изготвиме законско решение, изминативе денови имаме интезивни работни средби со претставници на сите засегнати страни.
Синдикатите, Стопанските комори, Организација на работодавачи со кои заедно со претставници од Министерствата за економија, финансии, информатичко општество, разговаравме и ги отворивме сите прашања, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение.
Во таа насока беше и денешната средба со претставникот од Независната угостителска комора со цел да се слушне и мислењето на угостителите во однос на ова прашање.
Иницијативата недела -неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности.
Исклучоци секако дека мора да има, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството.
 
 

Согласно прифатената иницијатива на Владата недела да биде неработен ден и задолжувањето како Министерство за труд и…

Posted by Јагода Шахпаска on Tuesday, November 17, 2020