Македонија

Шилегов: Ново зеленило во дворот на Карев

   Време за читање 1 минута

Градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули,  денеска одржаа прес-конференција во дворот на СУГС „Никола Карев“, кое е едно од трите средни градски училишта чии дворови се озеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

– Град Скопје аплицираше на јавниот повик на Владата за реализација на оваа програма со проекти за озеленување на средните училишта во Скопје и доби средства во висина од околу 2,8 милиони денари, со кои ги уредуваме училишните дворови на три средни училишта. Најголемиот двор е во Никола Карев со површина од вкупно 000 метри квадратни, во Корчагин двор со површина од околу 1.500 квадратни метри и во Димитар Влахов површина од околу 1.000 квадратни метри каде што целосно е обновено зеленилото и е поставен систем за наводнување, што ги прави лесни за одржување-рече Шилегов.

Тој додаде дека на овој начин се реализира концептот на Градот сите дворови на средните училишта да станат мини паркови и се надева дека во некои подобри времиња кога ќе се намали деструктивноста кај граѓаните, ќе се отстранат оградите на средните училишта и ќе се користат како јавен простор.

– Борбата со аерозагадувањето е перманентна, борбата со аерозагадувањето е секојдневна, мерките се најразлични, вклучувајќи и ваков вид на зеленило, како и на зеленилото што кога ќе стане потопло, исто така, ќе се засади во овој двор. И само со посветена и заедничка соработка на единиците на локалната самоуправа, Градот Скопје, Министерството за животна средина, Владата и граѓаните можеме да успееме во таа битка – нагласи Шилегов.