Што е јубилејна награда и како се исплаќа?
Со оглед на тоа дека има голем интерес од јавноста за ова прашање, повторно го споделуваме.
Јубилејна награда се исплатува во висина од просечната месечна плата по работник во Република Северна Македонија во претходните три месеци за најмалку 10 години работа кај ист работодавач.
Согласно чл.113 ст.2 и 3 од Законот за работни односи, работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.
Побарувањето на овие надоместоци застарува по истекот на три години од моментот на стекнувањето на правото.
Работодавачите треба да ги почитуваат законските норми и трудот на работниците и соодветно да го вреднуваат. Истите треба да ја ценат посветеноста на нивните вработени и да се свесни за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нивниот успех и грижата за вработените претставува нивна обврска.