Што е „Бетмен ефект“? Како преправањето дека сте суперхерој може да ви помогне на работното место?
Што прават Бијонсе, Адел и шестгодишните деца кои се обидуваат да завршат досадна задача? На прв поглед немаат ништо заедничко. Но психолозите велат дека ги поврзува една интересна техника која може да ја зголеми самодовербата, да ја намали анксиозноста и да ја зајакне истрајноста. Се нарекува „Бетмен ефект“.
Идејата е едностава: кога се соочуваме со стресна ситуација, наместо да размислуваме како „јас“, да се обидеме да влеземе во улога на некоја друга личност – вистинска или измислена. На тој начин правиме мала психолошка дистанца помеѓу себе и проблемот, а токму таа дистанца често ни помага да реагираме посмирено и поодлучно.
Бијонсе ја има Саша, Адел Саша Картер
Со години Бијонсе велела дека на сцената не е само таа. Непосредно пред настапот се „појавувала“ Саша Фирс – нејзината похрабра, посамоуверена и поодважна веризја.
„Штом ги навлечам штиклите и ги слушнам првите тактови од песната, Саша Фирс презема. Држењето на телото, гласот, се’ станува поинакво“, и’ раскажала своевремено на Опра Винфри.
Инспирирана од неа, и Адел создала свое алтер его – Саша Картер, комбинација од Саша на Бијонсе и пејачката Џун Картер. Вели дека токму таа персона и’ помогнала да ја преброди тремата во текот на периодот кога станала светска ѕвезда. Иако звучи како трик резервиран за поп ѕвездите, психолошките истражувања покажуаваат дека зад оваа идеја стои сериозна наука.
Зошто алтер егото функционира?
Психолозите оваа техника ја нарекуваат самодистанцирање (self – distancing). Кога проблемот го набљудуваме како да му се случува на некој друг, емоциите претстануваат во потполност да не преплавуваат. Наместо да реагираме импулсивно, послесно носиме рационални одлуки.
Професорот по псхихологија од Универзитетот во Мичиген Итан Крос со години го истражува овој феномен. Неговите експерименти покажуваат дека дури и малите промени на перспективата можат значајно да ја намалат анксиозноста.
Во едно истражување испитаниците замислувале важен настан кој ги очекува, како испит или јавен настап. Едните го замислувале од прво лице, како да се сред ситуацијата, додека другите се гледале себеси „од страна“, како да гледаат филм.
Резултатот бил јасен: оние кои себеси се гледале од далечина чувствувале помалку стрес и имале повеќе верба дека успешно ќе одговорат на предизвикот.
Пробајте со себе да разговарате во трето лице
Звучи необично, но истражувањата покажуваат дека дури и начинот на кој разговараме со себе може да го промени начинот на размислување. Наместо прашањето: „Како се чувствувам јас?“ психолозите предлагаат нешо како: „Како се чувствува Весна?“ или „Што би направила Весна во оваа ситуација?“
Оваа мала промена му помага на мозкот емоционално да се оддлечи од проблемот. Во експериментите луѓето кои користеле ваков начин на размислување имале понизок пулс, помал крвен притисок и оставале подобар впечаток во текот на јавните настапи.
Зошто се нарекува „Бетмен ефект“?
Најинтересниот дел од истражувањето е спроведен помеѓу деца. Психолозите на шестгодишни деца им дале здодевна задача на компјутер, додека покрај нив стоел Ајпад со забавна игра која постојано ги мамела да се откажат.
Една група на деца размислувала за себе во прво лице. Втората користела трето лице. Третата добила костуми од омилените јунаци како Бетмен, со задача да се запрашаат: „Дали Бетмен сега вредно би работел?“
Резултатите биле фасцинантни. Децата кои „станале Бетмен“ останале најдолго сконцентрирани, покажале најголема истрајност и подобро ги решавале задачите од останатите. Психолозите овој феномен го нарекле Бетмен ефект.
Дали можеме и ние да го користиме?
Иако никој не очекува на деловен состанок да дојдете во костум на суперхерој, идејата е лесно применлива. Пред важна презентација можете да го замислите менторот на кого му се восхитувате. Пред тежок разговор можеби личноста која секогаш е смирена и сталожена.
Ако учите нешто ново, можете да се запрашате како би реагирала вашата идна, поискусна верзија. Поентата не е да глумите некој друг, туку да направите мала психолошка дистанца која ќе ви помогне во тоа да не ве преплават емоциите.
Можеби затоа најважната супермоќ не е летањето ниту натприродната сила, туку способноста во вистинскиот момент да излеземе од сопствената глава и да се погледнеме себеси со очите на личноста каква што сакаме да станеме.
Извор: BIZLife.rs

