- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Што треба да знаеме за отказот?

Што треба да знаеме за отказот? - Работник
1.79Kviews

Станува збор за комплексна материја – тоа од една страна може да биде право на работодавачот, но од друга страна законот дозволува и работникот да даде отказ. Од страна на вработените многу ретко се користеше во минатото. Отказ не се дава од денес за утре ако постои отказен рок. Единствено веднаш може да се даде отказ без отказен рок во точно определени законски причини, вели Универзитетскиот Професор, Лазар Јовевски во интервју за Утринската програма на телевизија Алфа.

„Многу често како проблем се случува давањето на отказ од денес за утре. Кога работодавачот дава ваков вид на отказ, тогаш најмалку е што не го почитува отказниот рок, меѓутоа Законот за работни односи предвидува и договорен отказен рок на овој законски минимален отказен рок. Што значи дека во самиот договор за вработување кој се потпишува на почетокот од работниот однос, отказниот рок може да се продолжи до три месеци, односно долку работникот сам заминува, односно дава отказ од работното место, да тој отказен рок може да трае еден два или три месеци“, вели Јовевски.

Advertisement

Според него, кога работодавачот дава отказен рок, неговото траење е еден месец и тој треба да се почитува, но за волја на вистината има одредени правни ситуации во кои може да се даде отказ без отказен рок, односно да се даде отказ кој не влегува во оној режим каде што се почитува едномесечниот рок.

„Ова се исклучителни ситуации и законот точно ги набројува ситуациите, каде што влегува посериозното прекршување на работниот ред и дисциплина од страна на вработениот. Тогаш, потенцирам, работодавачот има можност да даде отказ без отказен рок, но овие ситуации можат да се разработат и да се прошират во самите колективни договори, така што во ЗРО се пет до шест ситуации, а во рамките на колективните договори можат да се уредат повеќе основи по коишто може да се даде отказ без отказен рок“, рече Јовевски.

Advertisement

Тој истакна дека ова е една општа слика во однос на отказите, но има доста злоупотреби и има доста грешки во чекорите од страна на работодавачите коишто не ја спроведуваат постапката за престанок на работниот однос, најмногу во делот на отказот од деловни причини, односно технолошки вишок.

Advertisement