НовостиПравдаСветот на работникот

Штрајк на здравствените работници во БиХ

Штрајк на здравствените работници - Работник
61views

Во Босна и Херцеговина во петокот се потврдени малку над 1.200 нови случаи на заразата со коронавирусот, што е под дневниот просек од оваа седмица, но бројот на починатите од 57 во изминатите 24 часа повторно е голем и потсетува дека стапката на смртност во земјата постојано расте од почетокот на ноември.

Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје, во изминатите 24 часа биле тестирани малку помалку од три илјади примероци, а заразата е потврдена кај 770 лица од Федерацијата БиХ и кај 511 од Република Српска.

Во Федерацијата БиХ починало 31 лице, а во Република Српска се забележани 26 смртни случаи поврзани со коронаинфекцијата.

Стапката на смртност кај лицата заразени со коронавирусот во БиХ е најголема во региотнот бидејќи заклучно со 11-ти ноемврии изнесувала 14,4 на 100.000 жители, пренесуваат локалните медиуми. Овој покаател е само малку подобар од Чешка и Белгија, кои бележат по 26 односно 21 смртен исход на заразените на 100.000 жители, но е значително полош од, на пример, соседна Хрватска која бележи 9,7 смртни случаи.

Поединечно, во петокот најголем број новозаразени имало на подрачјето на Бања Лука каде е потврдени 121 нов случај, а во Сараево имало 114 случаи, додека во Мостар се заразени уште 93 лица.

Со податоците од петокот, вкупниот број заразени во БиХ од почетокот на епидемијата се приближи до прагот од 70.000, а починале 1.807 лица како кои е потврдена заразата со вирусот SARS-CoV-2.

И додека заразата се шири, а здравствените установи со крајни напори му одолеваат на притисокот на сѐ поголемиот број пациенти, здравствените работници во Мостар во петокот штрајкуваат на улиците на градот обвинуваји ги локалните власти за опструкции при потпишувањето на новиот колективен договор со кој би се осигуриле нивните материјални права.

„Доколку повторно изостане нивната реакција, можеби веќе кон крајот на идната седмица ќе донесеме одлука за целосно запирање на работата и почнување генерален штрајк. За сите евентуални последици одговорни ќе бидат владата и министерот за здравство Горан Опсеница“, изјавиле од синдикатот на здравствените работници во Херцеговско-неретванската жупанија.

Во Федерацијата БиХ на сила е мерката за ограничување на движењето на граѓаните во ноќните часови, но неа и покрај одлуката на кризниот штаб на министерството за здравство, одбиле да ја спроведат властите во Западно-херцеговската жупанија. Вакво ограничувања засега нема на територијата на Република Српска.