Јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите, како заедничко работно тело на Стопанската комора на Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија и Хелветас Швајцарска Интеркооперација со Подружница во Скопје, распиша јавин повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите.

Јавниот повик трае до 28.2.2023 година, а поднесувањето на апликациите е во две фази. Првата фаза започнува на 25.11.2022 и завршува на 31.12.2022 година, а втората фаза започнува на 1.1.2023 година, а завршува на 28.2.2023 година. Со овој јавен повик се обезбедува финансиска поддршка до 50 % од подобните трошоци за финансирање на инвестицијата во примената на деловниот софтвер SAP, а максималниот износ за поединечен корисник, компанија е до 18.400.000,00 (осумнаесет милиони и четиристотини илјади) денари.

Со финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на “Интелигентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот.           

Со издвојување на сопствени средства за финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП, Стопанската комора на Северна Македонија повторно ја верификува својата основна цел, целосно да се ориентира спрема компаниите, помагајќи им во зголемувањето на нивната конкурентност.

Содржината на Јавниот повик и потребната документација е на следниот линк:

https://www.mchamber.mk/default.aspx?mid=3&evid=100475&lng=1