МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ЈАВНИОТ СЕКТОР НАЈАВУВА ЖЕШКА ЕСЕН – ќе има протести и штрајкови, „И НАШИТЕ ПЛАТИ ДА ПОРАСНАТ ПОВЕЌЕ, А НЕ САМО ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ“

   Време за читање 1 минута

Сојузот на синдикати на Македонија на денешната пресконференција најави дека на тој протест ќе излезе целата јавна администрација. 

Причина е тоа што јавната администрација е гневна од растот на нивните плати за само 10 проценти во услови кога избраните и именувани функционери имаат зголемени плати од 78 проценти.

Првиот човек на Синдикатот, Слободан Трендафилов, нагласи дека врз основа на попишувањето на Општиот колективен договор за вработени во јавен сектор во јули годинава, во ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни 10 проценти за плати, како и пари за регрес на годишен одмор. Рече дека тоа треба да се почитува.

– До ССМ стигнаа голем број прашања за зголемувањето на платите. Ја користам оваа можност да им се обратам на министрите, на градоначалниците, на раководителите во јавниот сектор дека директно треба да ги применат одредбите од Општиот колективен договор и одредбата за зголемување на платите од 10 проценти. Дополнително што треба да направат е да изготват решение за секој вработен, или да потпишат договор на ниво на работодавач – појасни Трендафилов.

Повеќе на Фактор