Јасно предупредување – казни за неосновани откази
Министерот за труд на Србија, Зоран Ѓорѓевиќ изјавил дека отпуштањето на работници без основа и праќањето на вработените на неплатен одмор без нивна согласност претставува кршење на работничките права и порачал дека сите работодавачи коишто го прават тоа ќе бидат казнети и дека државата ќе застане зад работниците кои ќе се најдат во таква ситуација.
„Ова не се однесува само на постојаните вработени, истите права ги имаат и работниците на договори на определно време и на договори за привремено работи“, рекол Ѓорѓевиќ за ТВ Прва.
Тој апелирал до работодавачите да го следат примерот на државата и да не ги отпуштаат работниците, како и да не им ги намалуваат платите во текот на вонредната состојба.
„Нека издржат, нема ова да трае довека, а во интерес на државата е кога се ќе помине, нашата економија да добие замав и да продолжи таму каде што застана“, рекол Ѓорѓевиќ.

