Јовановска: 60 часовна работна недела?! За работниците што ќе копаат на „славниот“ автопат? Или за сите?
Новинарката Светлана Јовановска со став за прашањето кое е особено актуелно деновите, а тоа е работниците на коридорите кои ќе се градат да работата 6- часа неселно.
Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост:
60 часовна работна недела??!! За работниците што ќе копаат на „славниот“ автопат? Или за сите?
Како и да е, ова е не само скандалозно туку и против човековите и социјални права на работниците. За плата ич не прашувам за да не се донервирам!
Порака за владиниот „европски фронт“, кој од европски има само име.
Во ЕУ, aко се земат во предвид само вработените со полно работно време, просечното неделно траење е 40,3 часа во ЕУ. Ова времетраење е повисоко во Обединетото Кралство (42,2 часа), во Германија и во Шведска (односно 40,4 и 39,9). Пониско е во Данска (37,7) и Франција (39,1). Како и во Белгија – 38 часа неделно.
Судот на правдата на Европската унија (СЕУ, 14 октомври 2010 година, C-243/09) донесе одлука дека: „Оваа директива ја следи целта за гарантирање на безбедноста и здравјето на работниците со доволен одмор, законодавецот на Унијата сметал дека надминувањето на максималното просечно неделно работно време, со тоа што го лишува работникот од таков одмор, само поради овој факт му предизвикува штета бидејќи на тој начин е загрозена неговата безбедност и неговото здравје“.
На крајот на краиштата, работодавачите мора ефективно да обезбедат усогласеност со максималното дневно работно време и минималните периоди за одмор. Во случај на пречекорување, тие не само што ќе подлежат на плаќање на прекувремена работа, туку ќе треба да ја надоместат и штетата што нужно им е предизвикана на вработените.
Патем, европскиот фронт не сака во ЕУ како што не сакаше ни ВМРО ДПМНЕ на времето. Сакаат само да мавтаат со преговори за да останат на власт.