МакедонијаПравдаСветот на работникот

Јовановски: Преку портал за слободна циркулација, административците ќе можат да аплицираат на кое работно место сакаат

202views

ГО ВРАЌАМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ И СЈАЈОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

ПОРТАЛ ЗА СЛОБОДНА ЦИРКУЛАЦИЈА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Слободната циркулација на административни службеници (АС) треба да се сфати како портал кој ќе служи за слободно движење на административните службеници во рамки на јавната администрација, каде тие по своја желба ќе конкурираат со сопствената административна биографија. Преку овој портал, кој ќе биде дел од ХРМИС системот, секој службеник слободно и без никакви притисоци ќе може да направи трансфер во институција која одговара на неговите аспирации, квалификации и стручна подготовка. Дополнително, овој портал ќе биде прв и основен филтер што ќе го употребува Агенцијата за администрација при објавата на јавни огласи за вработување, се со цел склучување на меѓуинституционални спогодби за преземање на административните службеници. На овој начин ќе се направи правилна распределба на сите административни службеници кои ќе бидат најпродуктивни онаму каде што се најкомпетентни, ќе се постигне меѓуинституционален баланс и ќе се намали превработеноста во одредени институции, односно ќе се пополни недостигот на службеници во други институции, а воедно и ќе се намали бројот на нови вработувања.
Рок: 2021 година
#Обнова
#ИсправиСеМакедонијо
#ВмроДпмне