МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Уште тројца здравствени работници вчера даруваа крвна плазма

   Време за читање 1 минута

Уште тројца здравствени работници вчера даруваа крвна плазма. 🙏 Мирјана, Јадранка и Исмаил од Општата болница во Куманово, по закрепнувањето од ковид-19 даруваа конвалесцентна плазма за лекување на пациентите од коронавирусот, напиша на фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ние го имаме лекот во нас и треба да го искористиме. Антителата со текот на време ослабуваат, подобро да помогнеме на некого, ќе се чувствуваме подобро како луѓе. Апелирам до сите мои сограѓани, а ги има во голем број, Куманово беше жариште на вирусот, да го сторат истото што побрзо. Сега треба да се мобилизираме во што поголем број. Да помогнеме на заболените и на здравствениот систем. Да не заборавиме низ што поминавме и со колку неизвесност и страв чекавме дали болеста ќе прогресира или ќе оздравиме. Ги охрабрувам дека ова е единствениот начин да се оддолжиме за сѐ што беше направено за нас за да ја победиме болеста“, вели медицинската сестра Јадранка. Таа вчера во Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма, која претставува најефикасниот лек против коронавирусот.