МакедонијаНовости

Јован Деспотовски поднесе оставка на функцијата директор на ТИРЗ

   Време за читање помалку од минута

Поднесувам оставка на функцијата директор на ТИРЗ, мандатот ми истекува во декември, но веќе имаме нова политичка реалност, рече денеска на брифинг со новинарите, Јован Деспотовски.

Деспотовски рече дека немал никаков притисок од „политичкиот опонент“.

„Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски..

Деспотовски на брифгнгот ги соопшти бројките од се што е сработено во ТИРЗ за време на неговиот мандат. 

Деновиве тој беше ангажиран со партиските избори во СДСМ, беше кандидат за претседател на партијата.

За претседател беше избран поранешниот министер за здравство и актуелен директор на „Фодација Заев“, Венко Филипче.